Со дуелот меѓу македонскиот првак Еурофарм Пелистер и норвешкиот првак Колстад, следната среда ќе започне новата сезона во Лигата на шампионите.
Европската ракометна федерација веќе ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло.
Мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Колстад ќе го судат Германците Шулце и Тониес, додека делегат ќе биде Павичевиќ од Црна Гора.
Овој натпревар се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ на 13 септември со почеток во 18:45 часот.