По 18 години, Македонија доби нов шампион, откако Еурофарм Пелистер славеше кај Охрид со 28-25, а Вардар само ремизираше со Тиквеш, 32-32.
Тоа значи дека битолчани изборија учество во Лигата на шампионите, во која последен пат играат во сезоната, 2019/20, кога се уште се играше по стариот систем.
Тогаш пелистерци беа дел од сегментот Ц и Д, во кои не играа топ екипите, но сега се меѓу 16 врвни екипи како Барса, Келце, Веспрем, ПИК Сегед…
Засега покрај Еурофарм Пелистер, Барселона и Целје, нема други сигурни учесници во елитната конкуренција, бидејќи шампионатите се во полн ек низ Европа.