Европската ракометна федерација ја прекина соработката со главниот спонзор на Лигата на шампиони за жени, па ракометарките кои досега играа со реклама на рускиот спонзор на дресовите, во иднина нема да го има логото на транспорниот гигант, пишува норвешкиот „ВГ“.
Сопственик на фирмата е Сергеј Шишкарев, претседалот на Ракометната Федерација на Русија, кои исто така има и најголем дел во клубот ЦСКА Москва, а е близок со претседателот Владимир Путин.
Менаџерот за односи со јавноста на ЕХФ, Томас Шенајх, ја потврдува одлуката:
„Европската ракометна федерација и нејзината маркетинг компанија, ЕХФ Маркетинг, по интерни проценки и процес на информирање со нивниот партнер – избраа да ги играат преостанатите натпревари во Лигата на шампионите на ЕХФ без присуство на партнерот за титулата во натпреварувањето, Дело Груп“, вели Шенајх.