Репрезентативката на Македонија, Елена Ливриниќ од следната сезона кариерата ќе ја продолжи во нов клуб, но и тој ќе биде во првенството на Романија.
Таа одлучи да го напушти тимот на Рапид Букурешт, каде што сезонава е најефикасна и убедливо најдобра во составот. Ливриниќ одлучи да ја смени средината, но останува во земјата каде што игра во последните сезони.
Нејзин нов клуб е Глорија Бузау, екипа која се наоѓа на 4. позиција во првенството на Романија кое исто како и најголемиот дел од Европа е во прекин. Секако ќе биде добро засилување за екипата која е во битка за висок пласман и следната сезона би требало да игра во европските купови.
Како што е познато Ливриниќ игра на позицијата лев бек, но знае да се снајде и на центарската позиција.