По поразот во првото коло од романскиот шампионат, тимот на Глорија Бузау, забележа пет победи по ред.
Последна во низата беше денешната над тимот на Миовени со шест погодоци разлика, 24-18.
Македонските репрезентативки што настапуваат во Бузау, Елена Ливриниќ и Марија Штериова, постигнаа по два гола во триумфот.
Бузау сега се израмни со ЧСМ Букурешт на врвот на табелата и има 15 бодови од шест одиграни натпревари.