Екс голманката на Вардар, Амандин Лејно, која минатата сезона ја заврши својата клупска кариера, сепак, се враќа на ракометните терени.
Франзуцинката повторно ќе биде на голот на Ѓер како замена за Силје Солберг, која ќе паузира подолг временски период.
Голманката од Норвешка е бремена и ќе го пропушти вториот дел од натпреварувачката сезона 2022/23, па поради тоа раководството на Ѓер мораше да најде алтернативна замена.
Со оглед на тоа дека започна вториот дел од сезоната и нема многу слободни играчи на трансфер пазарот, изборот за замена на Солберг падна на искусната Лејно, која заедно со Сандра Тофт ќе формираат голманско дуо за остатокот од оваа сезона.
Лејно беше дел од француската делегација на Европското првенство 2022, на кое Македонија беше еден од домаќините на континенталниот собир.