Лејно и Аморим во Ол Стар тимот на Лигата на шампионите (ФОТО)

Европската ракометна федерација го објави идеалниот тим на сезоната во женската Лига на шампиони.

Меѓу избраните ракометарки за најдобра голманка е прогласена некогашната вардарка Амандин Лејно, додека најдобар лев бек е македонската снаа Едуардна Аморим Талеска.

За најдобро десно крило беше избрана Викторија Лукач од Ѓер, додека во конкуренција беше и македонскаа репрезентативка Сара Ристовска.

Денеска се играат двете полуфинални средби од Лигата на шампионите, Ѓер – Брест од 15:15 часот и ЦСКА Москва – Кристијансанд од 18:00 часот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)