Летонската ракометна федерација денеска го промовираше новиот предводник на машката сениорска репрезентација, а тоа ќе биде некогашниот српски ракометар Давор Чутура.
По настапот на ЕП 2020, но и неуспехот во квалификациите за СП 2021, ЕП 2022 и СП 2023, Летонците решија да сменат селектор.
42-годшниот Чутура потпиша договор на една сезона со можност да биде продолжен на уште две сезони ако двете страни се задоволни од соработката.
Чутура е поранешен играч на Ваљадолд, Бенфика, Ал Џезеира, Ал Сад, Ал Ахли, Лимож…а сега е актуелен тренер на италијанскиот тим Бриксен.
Прв предизвик за Чутура и Летонија ќе бидат квалификациите за ЕП 2024 година во Германија.