Едно од новите засилувања на Еурофарм Пелистер е словенечкиот репрезентативен голман Урбан Лесјак.
Тој беше меѓу клучните ракометари што битолчани добија два пенал рулети – против Целје и против Мешков Брест.
За официјалниот сајт на СЕХА лигата открива кои се причините што реши да го напушти Хановер и да се пресели во Македонија.
„Амбицијата за освојување трофеи ме натера да дојдам во Македонија. Проектот на Еурофарм Пелистер ме тера да размислувам да останам тука уште долго време. Сакав да играм конкурентен ракомет, а во Битола можам да го направам тоа. Адаптацијата е лесна, нема ниту јазична бариера“, вели Лесјак.
Еурофарм Пелистер чека на титула во Македонија цели 17 години, а Лесјак верува дека притисокот може да го извлече најдоброто од играчите.
„Го сакам притисокот, тоа го извлекува најдоброто од мене. Имаме нов ростер и сигурно ќе биде потребно некое време работите да тргнат во правилна насока. Имаме тим што е спој на искуство и потенцијал, а тоа е добро“, продолжи Лесјак.
Словенецот не попушти да ја спомене и атмосферата во „Боро Чурлевски“.
„Сум слушнал многу за навивачите во Битола и гледав и некои од нивните натпревари. Дури играв овде со Хановер, но во тоа време спортската сала не беше полна. Верувам дека фактот што навивачите се повторно тука го зголемува квалитетот и додава нешто посебно на натпреварот“, заврши Лесјак.
Битолчани веќе го одиграа првиот официјален натпревар пред домашната публика во СЕХА лигата, а допрва ги чека настапот на Ф4 во Задар.