Составот на Алкалоид очекувано дојде до нова победа на гостувањето кај Металург РА со 42:25 така што продолжи со освојување на бодови и со трката за првото место во Групата Б од Првата машка лига.
Кој ќе го доби овој дуел беше јасно уште многу рано во натпреварот откако после почетните испитувања на силите и игра гол за гол дојде до целосна доминација на ракометарите на Алкалоид. Тие после 5:5 прво направија мала серија од 3:0, а потоа при 8:7 постигнаа седум гола по ред и веќе имаа 15:7 така што тука го имаа решено победникот.
Гостите на полувреме заминаа со 22:13, а во продолжение од средбата само ја зголемуваа разликата. До крајот на средбата предноста на тимот на Алкалоид се зголеми и до 19 гола така што во финишот домашните само успеаја да намалат за конечни 25:42.
Немаше ништо непредвидено и изненадувачко така што само се потврдија очекувањата на овој натпревар.
МЕТАЛУРГ РА – АЛКАЛОИД 25:42 (13:22)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
МЕТАЛУРГ РА: Ангеловски, Таневски, Вељаноски, Костовски, Стефков 1, Гилев 2, Христоски 6, Ангелески 1, Стојчевски, Неданоски 11, Васовски 1, Георгиевски 2, Прцуловски 1, Филиповски.
Седмерци: 7/8, Исклучувања: 4 мин.
АЛКАЛОИД: Галевски, Ермоноски, Стојков 4, Серафимов 2, Илиески, Ѓоргиев 1, Иваноски 4, Симоноски 2, Тодески, Кофиловски 6, Димовски 6, Јорданов 9, Костовски 2, Штаковски, Георгиевски 2, Стојковиќ 4
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.