Вецлар и Филип Миркуловски имаа убедливо издание на гостувањето кај последнопласираниот тим на табелата Нордхорд во рамки на Бундес лигата. Вецлар го совлада Нордхорн со 31:25 и ја забележа единаесетата победа во 22. првенствено коло.
Филип Миркуловски со еден гол придонесе во победата за својот тим кој имаше целосна контрола на резултатот во текот на целиот натпревар. Уште од почетоток најавија дека се решени да си заминат со бодови од ова гостување, во 8. минута беше 5:1 а во текот на првото полувреме Вецлар имаше и шест предност. Сепак на полувреме Миркуловски и колегите заминаа со водство од 16:12.
Во продолжението Нордхорн немаше начин како да ја намали негативата која постојано варираше од пет до седум гола и на крај мораше да се помири со нов пораз. Со оваа победа Вецлар се зацврсти во горниот дел на табелата и се наоѓа на осмото место на три бода зад седмиот Мелсунген. Нордхорн останува закован на дното на табелата со само два бода и една победа во текот на првенството.
Најефикасен во составот на Вецлар беше Линдског со шест погодоци пред Форсел кој постигна пет гола. За екипата на Нордхор најпрецизен беше Вебер со девет гола.