Лекиќ: Во Вардар ги имав најубавите моменти во кариерата!

Некогашната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ, по заминувањето од „црвено-црниот“ тим се реши за предизвикот наречен ЧСМ Букурешт и потпиша на две сезони со романскиот тим.

Но нема да го продолжи престојот во романската престолнина и во следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата, Будуќност. Во тимот од Подгорица играат уште три поранешни вардарки, па Лекиќ нема да има проблеми со адаптација.

Српската интернационалка во интервју за црногорските медиуми, вели дека најубавиот период од кариерата го поминала во Скопје. Во ЧСМ заедно игра со Андреа Кликовац и Итана Грбиќ.

„Супер се дружиме, немам никој поблизок од нив. Нон стоп сме заедно, ми одговара нивниот менталитет, секогаш се расположени за шега. Бевме заедно и во Вардар. Најубавиот дел од кариерата ми е петгодишниот престој во Скопје, таму ми лежеше менталитетот на народот. Тоа и единствената причина што го одбрав Будуќност, со кој сакам да го повторам успехот од Ѓер. Тоа би било незаборавно искуство – конечно со наша музика да славам титула“, изјави Лекиќ.

Српската интернационалка настапи на пет завршни турнири во Лигата на шампионите, но ниту еднаш не ја освои титулата.