Белорускиот ракометар и член на тимот СКА Минск, Дмитриј Камишик во интревју за рускиот „Брз Центар“ зборуваше за закрепнувањето од добиените повреди во несреќа на одмор во Тајланд.
После повредите лекарите на Камишик му одредиле дијагноза која е за пациенти со инвалидитет, но упорноста и решеноста на ракометарот да се врати на теренот била голема и на крај усеал во тоа.
„Кога ми рекоа дека ќе ме стават во групата на пациенти со попреченост, односно инвалидитет а потоа имав многу дискусии со лекарите. Иако одев со патерици не разбрав зошто беше потребно да се сметам за инвалид. Но лекарите сепак ми ја издадоа таа потврда. Покрај таквата дијагноза започнав да тренирам со екипата на СКА и после ивесен период отидов кај лекарите и им реков дека повеќе не ми треба таа потврда за инвалид. Веќе почнав да трчам, иако тие ми рекоа дека едвај ќе можам да одам“, рече Камишик за handballfast.com.
Камишик настапува на левата бековска позиција во екипата на СКА Минск од Белорусија и има 31 година. Тешката повреда ја заработил во собраќајна несреќа на одмор во Тајланд.