Еден од најдобрите играчи на Веспрем и на унгарската репрезентација во последните неколку години, Мате Лекаи, веројатно нема да настапи на Европското првенство. Тој заработи повреда на коленото во октомври на средбата меѓу Келце и Веспрем, иако полека се опоравува, сепак не е подготвен за големи напори.
„Веќе сум на крајот на рехабилитацијата, напредувам полека. Одработив веќе и еден тренинг со репрезентацијата, на некои движења коленото ме боли и се уште не можам да правам нагли промени на движењата. Утре ќе имам состанок со селекторот и докторите, па ќе видиме дали воопшто има смисла да одам на ЕП“, вели Лекаи.
Унгарија е дел од групата Е што се игра во шведскиот Малме, заедно со селекциите на Данска, Унгарија и Исланд.