„Лежев 22 дена во кревет и сосема ја изгубив издржливоста“

Еден од главните адути на норвешката репрезентација на Европското првенство во Данска треба да биде ракометарката на Ѓер, Вероника Кристијансен.

Таа имаше коронавирус, но сега е подготовена за игра и веќе настапи на првиот меч на ЕП против Полска.

„Бев во одлична форма, особено во физичкиот дел, но морав се да почнам од почеток. На две недели до ЕП работев интензивно. Поминав тестирања за срцето и градите, а за мене беше недопустливо да имам пулс повеќе од 100. Кога ќе лежите на кревет 22 дена, сосем ја изгубив издржливоста. Затоа на сите тренинзи бев со пулсометар. Сега се наоѓам во одлична форма“, вели Кристијансен за ТВ2.

Норвешка денеска ќе игра со Германија, а до крајот на групната фаза ќе и остане уште двобојот со Романија.