Капитенот на Барселона во заминување, Виктор Томас, можеби го одигра последниот натпревар во дресот на каталонскиот клуб и во кариерата воопшто.
Тој поради срцеви проблеми најави дека ќе игра до крајот на сезоната, но се чини дека предвреме ќе биде означен крајот. Раководството на спортското друштво Барселона најави кратење на платите во сите секции, вклучително и ракометната, до 70%.
Томас побара од соиграчите да бидат солидарни во овие тешки моменти кога се води борбата со коронавирусот.
„Клубот и раководството секогаш биле искрени со нас и ни кажаа колку е тешка ситуцијата. Го изразија нивното жалење и ни ги презентираа акциите што ќе ги преземат. Мене никој не ме присили да се согласам со нивното барање. Да му помогнеме на клубот во овие тешки моменти“, напиша Томас на социјалните мрежи.
Негов заменик во дресот на каталонскиот гигант ќе биде Блаж Јанц, кој ја заврши авантурата во полскиот првак Келце.