Поранешниот ракометар на тимот на Борец и играч кој имаше интернационална кариера, Тони Шопов се наоѓа во голема битка, онаа најважната во животот.
Големиот борец боледува од тешка болест поради која мора на натамошно лекување кое мора да биде направено во Турција.
Затоа неговите пријатели и многу поранешни и сегашни ракометари повикаа на помош и на хуманост. Објавениот пост на социјалните мрежи е само доказ дека Шопов се наоѓа во тешка здравствена состојба и дека во последните три години е постојано под операции и терапии, а лекувањето мора да продолжи надвор од Македонија за да може Тони Шопов да се избори за уште една победа, онаа најважната надвор од ракометните терени.
Комплетниот пост на Фејсбук каде што ги има и сите информации околу донирањето на потребните финансиски средства можете да го погледнете на следниот ЛИНК.