Легендарното романско десно крило Валентин Јонеа, од следната сезона ќе ги брани боите на Стеауа Букурешт.
Тој беше дел последните три сезони од шампионот Динамо Букурешт, но таму не доби продолжување на договорот.
„На крајот на минатата сезона, ми кажаа дека договорот нема да ми биде продолжен. Без никакво објаснување. Сфатив дека сакаат да го подмладат тимот. Бидејќи сакав да продолжам да играм на високо ниво, ја прифатив понудата од тимот кој ме сакаше навистина. Тоа беше Стеауа“, кажа Јонеа за „Про Спорт“.
39-годишното десно крило освен во Динамо Букурешт каде што беше капитен, играше за Баја Маре, Констанца, Клуж, Решица, две сезони беше дел од ПИК Сегед, а најдолго се задржа во полската Висла Плоцк, од 2012 до 2018.
Од Полска замина во португалскиот Спортинг Лисабон, пред да се врати во татковината во 2020 година.