Легендарниот десен бек Александер Петерсон, по една сезона пауза се враќа на ракометните терени.
Тој лани стави крај на кариерата во дресот на Мелсунген, но се реши да одигра уште една сезона на Исланд.
43-годишниот Петерсон потпиша договор со тимот на Валур и по 20 години одново ќе заигра во исландскиот шампионат.
Тој до 2003 година играше за Грота, пред да се пресели во Диселдорф. Во меѓувреме играше за Рајн Некар Левен, Фленсбург, Фуксе Берлин, Гросшвалтат и Мелсунген.
За репрезентацијата на Исланд играше 16 години, на 186 меча даде 725 погодоци, а освои сребро на ОИ 2008 година и бронза на ЕП 2010 година.