Легендарниот босански стратег, Касим Каменица, поднесе оставка од сите функции во неговиот матичен клуб Горажде.
Каменица во босанскиот суперлигаш беше претседател и тренер и со своите избраници обезбеди опстанок во најквалитетното натпреварување во БиХ.
Според босанските медиуми, неговата оставка е поради тоа што клубот немал голема финансиска поддршка од градот.
Искусниот тренер во својата кариера ги предводеше најдобрите клубови на целиот Балкан – Вардар, Еурофарм Пелистер, Целје, Загреб, Нексе, Партизан, Војводина…
Освен Вардар и Пелистер, Каменица во Македонија беше дел и од Младост Богданци и од женскиот првак Ѓорче Петров.