Поранешниот тренер на Адемар Леон, Маноло Каденас, сепак нема да оди во ракометна пензија.
Иако веќе не е предводник на шпанскиот клуб, раководството ќе му најде друга функција и Каденас ќе продолжи со работа.
„Јас веќе се договорив со Адемар да бидам тренер и следната сезона, но на последните натпревари три пати ми се слоши. Работата во татковината е голем притисок. Со заемен договор решивме да ја прекинеме соработката привремено. Кога ќе бидам здрав, ќе разговараме пак. Клубот сака да бидам спортски или технички директор. Дани Гордо заслужи да работи во Адемар Леон. Тој беше мој помошник овде своевремено. Јас ќе можам да му помагам ако затреба. Сега мене ми претстои операција. По рехабилитацијата ако се појави можност да работам со некоја репрезентација, ќе ја искористам“, вели Каденас за шпанската „Марка.
Покрај Адемар Леон, тој беше тренер претходно во Мешков Брест и Висла Плоцк, а беше селектор и на Шпанија и Аргентина.