Голманката од Романија, Кармен Букур, која има 52 години, реши по завршувањето на оваа сезона да се пензионира.
Искусната голманка моментално настапува во екипата на Монкутан, клуб кој што е дел од третото по ранг натпреварување во Франција.
Романката веста за пензионирањето го соопшти преку социјалните мрежи.
Букур во својата кариера го носеше дресот на Рапид Букурешт, Мец, Тулон и Брест Бретањ.
Со екипата на Рапид Букурешт двапати освојувашетрофеј на европска сцена.