Еден од легендите на шпанскиот ракомет Роландо Уриос Фонсека, откако пред 13 години ја заврши својата играчка кариера, реши на 51 година да направи камбек на ракометните терени.
Поранешниот репрезентативец на Куба и Шпанија одлучи да ги засили редовите на Аларкос Сиудад Реал. Од раководството на некогашниот европски гигант информацијата ја потврдија преку социјалните мрежи и во текот на денешниот ден ќе го промовираат пред тамошните медиуми.
Со своето големо искуство Уриос Фонсека ќе се обиде да им помогне на ракометарите на Сиудад Реал да остварат добар пласман во втората по ранг квалитетна лига во Шпанија и евентуално да обезбедат место во Асобал лигата за следната сезона.
Искусниот Уриос Фонсека е роден во Куба и беше најдобар стрелец за репрезентацијата на Светското првенство во 1999 година, а исто така има и пет медали од Пан-Американските игри. На Светското првенство во 1999 настапи и против репрезентацијата на Македонија.
Фонсека подоцна играше и за репрезентацијата на Шпанија, со која стана светски правак во 2005 година, а една година потоа го освои сребрениот медал на Европското првенство.
По завршување на играчката кариера ја започна неговата тренерска кариера во вториот тим на Сиудад Реал и предводеше уште неколку помали клубови во Шпанија. Во текот на 2020 година беше промовиран како нов тренер во германскиот Тегел, клуб кој што игра во понизок ранг на натпреваруваше во Германија.
Во својата играчка кариера настапуваше за екипите на Веспрем, Иври и Сиудад Реал. Со шпанскиот клуб го освои Купот на победниците на куповите во 2002 и 2003 година, како и Лигата на шампионите во 2006, 2008 и 2009 година.
📃 COMUNICADO OFICIAL 📃
Nos complace anunciar la incorporación de Rolando Uríos a la disciplina del primer equipo.
Un refuerzo de altura para el complicado inicio de la temporada.
¡Bienvenido Rolando! pic.twitter.com/Nx7RIJYyBd
— VESTAS BM ALARCOS CIUDAD REAL (@bmalarcoscr) September 14, 2022