Легендарниот исландски голман Бјоргвин Пал Густавсон кој последниве две години се врати да брани во својата земја после богатата интернационална кариера одлучи да се вклучи во политиката.
Густавсон на својот Фејсбук профил објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Рејкјавик и како што вели подготвен е да преземе одговорност за подобра иднина.
Пред се мотивите за ваквата одлука се можноста да придонесе за подобри услови за живеење на децата и ранливите категории.
Исто така се стреми во иднина на децата да им биде училиштето на прво место кое ќе ги одведе на вистинскиот пат, како што на него влијаел спортот.
Густавсон има долга ракометана кариера, тој е активен на терените од 2005 година кога го имаше првиот настап во сениорска конкуренција за Рејкјавик. Дел од репрезентацијата на Исланд е од 2006 година и има учествувано на многу големи натпреварувања.