Еден од најдобрите стрелци во тимот на Прилеп, Давор Шокоски, ќе продолжи да го носи „жолто-црниот“ дрес.
Синот на легендата Боро Шокоски, потпиша договор на уште две сезони и останува важна алка во сотавот на прилепчани.
Шокоски пред лани да се врати во Прилеп, мина една сезона во Скопје, во тимовите на Бутел Скопје и Металург РА.
Претходно и десното крило Реваз Чантурија ја продолжи соработката со суперлигашот на уште една сезона.