Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ по само една сезона ќе си замине од двократниот европски првак Вардар и ќе се пресели во бундеслигашот Лајпциг.
Германскиот тим е подготвен да плати соодветно обештетување за Јотиќ, кој има договор на уште една сезона со „црвено-црните“ и да го донесе уште ова лето. Според „Билд“, Лајпциг му понудил договор на една сезона на хрватскиот интернационалец.
Вардар нема да му прави проблеми на Јотиќ за овој трансфер, бидејќи играчот сака да се проба и во Бундес лигата. Тој дојде во „црвено-црните“ редови од Еурофарм Пелистер каде одигра само една сезона.
Претходно беше член на Загреб, Умаг, Замет и Дубрава, а одигра и една сезона во данскиот првак Алборг. Лани Јотиќ беше договорен со португалската Бенфика, но трансферот пропадна во последен момент.
Лајпциг веќе донесе еден среден бек, Симон Ернст од Фуксе Берлин, кој ќе биде замена за Максимилијан Јанке, додека Јотиќ би требало да го менува Филип Вебер, кој пак оди во Магдебург.