Екипата на Деспина оваа сезона во Женската лигата заврши на 5. позиција на табелата, но ќе побара вајлд-карта за учество во Европскиот Куп.
Раководството на Деспина достави пријава до Ракометната федерација на Македонија за доделување на вајлд-карта во третото по ранг европско клупско натпреварување.
По пријавата на РФМ во Виена, прилепскиот клуб ќе чека зелено светло од страна на ЕХФ за учество во Европскот Куп.
Во женска конкуренција, Прилеп последен пат во Европа имаше претставник во 2013 година.
Екипите на Куманово, Вардар, Металург и Чаир според остварените резултати од изминатата сезона обезбедија учество во Европа. Куманово и Вардар имаат место во Лига на Европа, додека Металург и Чаир во Европскиот Куп.
Лани Македонија имаше само два тима во Европа – Куманово и Чаир, кои не успеаја да ја минат првата пречка во Европскиот Куп.