Тимот на Лимож објави дека потпишал договор со египетскиот интернационалец Сеиф Елдера кој ќе биде дел од клубот во следните две сезони.
После Генти, Кусан, Гијом, Фернандез потврдено е дека Елдера ќе се приклучи на тимот во јули 2022 година. Сеиф е помалиот брат на Јахија Елдера кој потпиша за Веспрем.
Младиот 23-годишен ракометар беше дел и од тимот на „Фараоните“ на последното Светско првенство, а во редовите на Лимож пристигнува од Замалек. Посебно добар настап Елдера имаше во репрезентацијата до 21 година со која стана вицешампион на Африка во 2019 година и го освои бронзениот медал на Светското првенство истата година каде што беше и МВП на турнирот.
Минатата година овој ракометар имаше и понуда од Вардар, но сепак не дојде до реализација на трансферот.