Рускиот репрезентативен пикер и поранешен ракометар на Вардар, Сергеј Горпишин, е пред камбек во Бундес лигата.
Горпишин лани летоска се пресели во Скопје, но што поради повреда, што поради тактички замисли на тренерите не добиваше голема минутажа.
Тој се наоѓа на проба во ривалот на Вардар во Лигата на шампионите, Фленсбург, кој бара пикер по повредата на Јоханес Гола.
Германскиот репрезентативец ќе биде во аут најмалку до крајот на есенската полусезоона, па тренерот Мајк Махулиа бара алтернатива.
Ако потпише за Фленсбург, ова ќе биде камбек за Горпишин во Бундес лигата, откако претходно играше за Ерланген.