Средниот бек на Порто и на португалската репрезентација, Мигел Мартинс, на лето би можел да се пресели во унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.
За него лани беше заинтересиран Вардар, но Мартинс не се пресели во Скопје, а „Кабине Деспортива“ сега најаува негово заминување во Унгарија.
ПИК Сегед останува без Жоан Кањелас и Дмитри Житников, па бара солуции за средната бековска позиција.
За Мартинс тоа би бил прв интернационален предизвик, со оглед на тоа што од почетокот на кариерата игра за Порто.