Репрезентацијата на Данска денес ќе се соочи со Шпанија во првото полуфиналето на Светското првенство 2023 и ќе се обиде со победа да дојде до финалето, во кое ќе ја брани освоената титула од пред две години.
Данците во четвртфиналето рутински одиграа против Унгарија, триумфираа со 40:23, но сега за ривал ја имаат ,,црвената фурија’, која исто така атакува на освојување на златото.
Каков резултат ќе оствари Данска против Шпанија најмногу ќе зависи од искусниот голман Никлас Ландин, кој истакна дека селекцијата на Жорди Ривера е опасна од сите позиции
,,Понекогаш е малку тешко да се процени од каде ќе доаѓа најголемата опасност од Шпанија. Секако, левото крило е една од позициите кои ги преферирам за бранење, но многу зависи и ситуацијата против кого ќе играте. Сепак, ударите од лево крило ми се поомилени за бранање, за разлика од ударите од десно крило”, изјави Ландин за данската телевизија ТВ2.
Натпреварот меѓу Данска и Шпанија ќе се одигра вечерва со почеток од 18:00 часот. Победникот од овој дуел ќе игра во финалето со подобриот од дуелот меѓу Франција и Шведска.