Репрезентациите на Холандија и Португалија одиграа динамичен и атрактивен натпревар во директниот дуел за пласман во главната рунда. Холанѓаните уште еднаш беа на високо ниво и остварија победа од 32:31 која ги носи во главната рунда.
Португалија го имаше почетното водство но многу брзо Холандија ја презема контролата на резултатот и во 13. минута водеше 7:4. Следуваше игра гол за гол, а Португалците ниту можеа да стигнат до израмнување, ниту дозволуваа противникот да се одлепи.
До крајот на првите 30 минути Холанѓаните играа на високо ниво, со брзи реализации и поддршка од голманот Равенсберген обезбедија сигурно водство на полувремето кога водеа 17:13. Во продолжението Португалците имаа тешка задача да надоместат шест гола за пласман во следната фаза.
И во второто полувреме се играше максимално брзо, Португалија бркаше негатива но правеше многу грешки во нападите па им овозможи на противниците да стигнат до највисоки пет позитива. Во продолжението водството на Холандија полека се топеше и натперварот влезе во драматична завршница.
Во 59. минута Дуарте погоди за 31:30 водство на Португалија после долго време и беше на гол до пласман понатаму. Сепак Лук Стеинс и Кај Смитс во завршницата погодија за голема победа на Холандија и историски успех.
Кај Смитс беше најефикасен со осум гола, додека Дани Баијенс стрелаше на шест гола, а Лук Стеинс беше прогласен за играч на натпреварот. Одличен на голот беше Равенсберген со 13 интервенции. Во составот на Португалија Виктор Итуриза со седум гола беше најефикасен.
ЕП 2022, ГРУПА Б – ТАБЕЛА