На првиот ЕХФ шампионат за младинци, кој се одржува во нашиот источен сосед, поточно во градот Варна, првото место го освои репрезентацијата на Чешка, која во финалето целосно ја надигра Австрија, триумфираше со шест гола разлика, 32-26 (16-9).
Најефикасен во репрезентацијата на Чешка беше Павел Бајер со десет погодоци, а кај Австрија се истакна Марио Андреас со осум гола. Чесите со првото место обезбедија пласман во квалификации за Светско првенство во Германија и Грција.
Во борба за третото место, Холандија беше убедлива против Финска и славеше со 42-32, а натпреварот беше решен уште по првото полувреме, кое заврши со предност за холандската селекција од плус пет гола разлика, 20-15.
За потсетување, младинската селекција на Македонија ќе биде дел од истото вакво натпреварување кое ќе стартува на 16 јули и ќе се игра до 24 јули. Шампионот исто така ќе обезбеди квалификации за Светското младинско првенство во Хрватска.