Репрезентативецот на Србија, Лазар Кукиќ, кој оваа сезона со екипата на Бенфика ја освои титулата во Лига на Европа, во следната сезона ќе има нов интернационален предизвик, пренесуваат португалските медиуми.
Средниот бек од Србија по две сезони минати во португалската екипа одлучил да се пресели во романскиот шампионат, поточно во екипата на Динамо Букурешт, каде ќе има можност да соработува со еден од најдобрите тренери на светот, Чави Пасквал.
Кукиќ минатата година потпиша договор со белорускиот шампион, Мешков Брест и требаше да биде замена за екс ракометарот на Вардар, Сташ Скубе, но поради ситуацијата во Украина, неговата преселба во Белорусија нема да се реализира.
Шампионот на Романија пред извесен период информираше дека клубот ќе го напуштат голманот Дан Лазар, десното крило Разван Гаврилоја, десниот бек од Тунис, Амин Банур, средниот бек на египетската репрезентација, Ахмед Каири и кружниот напаѓач од Иран, Алиреза Мусави.
Официјални засилувања во Динамо Букурешт за следната сезона се Али Зеин од Барселона и Станислав Кашпарек од Мешков Брест. Освен Кукуќ, во екипата на Динамо Букурешт се очекува да пристигне и Педро Силва од шпански Пуенте Хенил.
На дел од ракометарите кои имаат активни договори со Динамо Букурешт ќе им биде понудено да одат на позајмица во друг клуб, но сѐ уште не се знае кои играчи ќе бидат тоа.