Лазаров: Ќе оцениме колку и каде ќе ги „трошиме“ Талески и Митревски (Видео)

Македонија е веќе во Краков, и денеска ќе го одработи својот прв тренинг пред утрешниот настап против Норвешка во 20,30 часот. Во Полска допатуваа 18 ракометари, вклучувајќи ги и Филип Талески и Никола Митревски, кои не беа на турнирот во Хрватска. Со нив нашата игра сигурно ќе биде подобра, а колку и дали ќе играат ќе реши стручниот штаб на Македонија. Двајцата се жалеа на мали повреди, но сега се заедно со другите во тимот.

„Последните 2-3 дена го намаливме интензитетот на тренирање. Талески и Митрески тренираа, но пропуштија дел од подготквите. Мислам дека се спремни. Треба да бидем претпазливи. Со нив и без нив квалитетот на репрезентацијата не е ист, смета Кирил Лазаров, селекторот на Македонија по пристигнувањето во Краков.

Тој најави дека ќе се реши на кои натпревари и колку двајцата ќе бидат во игра.

„Митрески е етаблиран голман, има доста покажано, не само во Македонија туку и европски рамки. Талески во континутет созреа и тоа го покажа. Ќе внимаваме на нив. Ќе оцениме добро, колку, каде да ги трошиме. Се надевам ќе бидат здрави, вели Лазаров.

На ова СП Лазаров реши да дојде со двајца голмани, но Кизиќ ќе биде на линија доколку треба.

„Имавме разговоро со Марко Кизиќ, Тој ќе биде на располагање. Со оглед на ситуацијата каков фонд на играчи имаме мислам дека ќе ми бидат потребни играчи. Се надевам дека Митрески и Томовски ќе бидат добри. Се решив за 18 играчи, но можевме да бидеме и 19. Пред почеток на подготовките им најавив на играчите дека можеби ќе одиме со 17 ракометари. Но со оглед на ситуацијата со повреди решив да бидеме 18.. Добро е да не бидат повече од 2-3, да не ја нарушат дневната рутина, тие ќе бидат без обврски. а другите со поголеми. Но, на сите 22 што беа во подготвките, сметаме.. Се надеваме дека нема да ни требаат, смета Лазаров.