Лазаров со проектил од десет метри, Де Варгас немоќен (ВИДЕО)

Нант на полувреме во полуфиналето од Лигата на шампионите има негатива од два гола, 13:15 против Барселона. Каталонскиот тим е во постојана предност, но составот за кој игра Кирил Лазаров не се предава. Селекторот и капитен на репрезентацијата на Македонија уште еднаш игра важна улога за својот тим. Покрај тоа што ги разигрува соиграчите со асистенции Лазаров постигна и еден погодок. Со проектил од десет метри десниот бек успеа да го совлада Перез Де Варгас и во тој момент да намали на само гол негатива за својот тим. Атрактивниот погодок погледнете го во видеото...