Ракометарите на Нант имаа сигурно издание во осмина-финалето во Купот на Франција и на гостувањето кај Данкерк остварија победа од 29:38 со која се пласираа во следната рунда.
Кире Лазаров беше стрелец на три погодоци од четири удари кон протиничкиот гол, доека најзаслужни за победата беа Валеро Ривера со седум гола и Емил Нилсен кој имаше десет интервенции.
Данкерк одигра добро и ефикасно прво полувреме и успеа да обезбеди предност после првите 30 минути од 20:18. Сепак во продолжението на натпреварот Нант успеа да направи пресврт и да стигне до победата и пласман во четврт-финалето.
Покрај Нант уште пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Шарт, Тулуз и Екс ан Прованс. Следен предизвик на Лазаров со Нант ќе биде дуелот со Фуксе Берлин во рамки на Лигата на Европа кој е на програмата на 29. март со почеток во 20:45 часот.