Македонија со пораз од Данска со 21:31 го заврши настапот на Еворпското првенство во Унгарија и Словачка откако и во првите две кола запиша порази.
Селекторот Лазаров после натпреварот имаше свое видување за играта на своите ракометари и најави дека сигурно во иднина Македонија ќе биде подобра.
„Данска е најдобриот тим на светот во последните десет години, тие ја заслужија поедата. Не сакам да се повторувам, но ни недостасуваат многу играчи некои зради Ковид некои се повредени како и јас. Тоа беше голем проблем за нас, ние сме мала земја. Ние сме во процес на смена на генреации и добро е што играме на ЕП и мораме многу да научиме од овие три натпреавари особено младите играчи. Мораме уште многу да работиме и се надевам дека за две три години ќе бидеме конкуренти против сите во Европа“, рече Лазаров.
Македонија го заврши настапот на првенството и уште вечерва ракометарите се враќаат во Скопје.