Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар од Президент Купот на Светското првенство во Полска и Шведска.
Денешен ривал на Македонија ќе биде незгодната селекција на Тунис, која во првото коло од Президент Купот го совлада Мароко.
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров ги одбра 16-те играчи со кои ќе брка втора победа на Мундијалот.
За денешниот дуел против Тунис од комбинација отпадна кружниот напаѓач Марко Стојковиќ.
Состав на Македонија: Мартин Томовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевси, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Никола Маркоски, Петар Атанасијевиќ, Филип Талески, Иван Џонов, Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Михајло Младновиќ, Давид Савревски, Мартин Серафимов.
Натпреварот меѓу Македонија и Тунис ќе започне со почеток од 18:00 часот.