Лазаров скрати список – со 23 ракометари против Чешка, има и двајца дебитанти!

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, го скрати списокот на ракометари пред бараж двомечот со Чешка за пласман на Мундијалот во Полска и Шведска.

Лазаров ќе смета на 23 ракометари, меѓу кои и самиот тој, а повика и три нови имиња во споредба на списокот за претходниот двомеч со Романија.

Поради повредата на Цветан Кузманоски, на левата крилна позиција се повикани Дарко Кондев од Тиквеш и Петар Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер, за кои ова ќе биде прв собир со А репрезентацијата. По повредата се враќа и бекот на Вардар, Марко Мишевски.

Собирот на репрезентативците ќе биде на 9 април со почеток во 18:30 часот.

Првиот натпревар меѓу Чешка и Македонија се игра во Злин на 13 април со почеток во 19:15 часот, додека реваншот е на 17 април од 19:00 часот.