Ракометарите на Нант продолжуваат да прикажуваат одлични изданија, овој пат во домашното првенство го совладаа тимот на Иври со 30:24.
После големата победа во Лигата на шампионите на гостувањето кај Кил, добрата форма Нант ја потврди на отварањето на домашното првенство.
Лазаров и колегите победата ја најавија уште во првиот дел, со сигурна игра по првите 30 минути обезбедија три позитива од 16:13. Во ист стил продолжија и во вториот дел кој го добија со идентична разлика за вкупна победа од шест гола.
Кирил Лазаров беше втор стрелец во својот тим со шест гола, а имаше перфектна реализација од седум метри, пет од пет. Најефикасен во Нант беше Овничек со седум погодоци.