Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, денеска ја имаше првата прозивка пред двомечот од квалификациите за ЕП 2024 против селекцијата на Португалија.
Новина во стручниот штаб на Лазаров е тренерот на Пролет, Алексо Лембанов, а Ацо Јоновски, нема да биде дел од оваа акција.
Лазаров смета на 22 ракометари, а само голманот Никола Митревски ќе се приклучи во текот на утрешниот ден бидејќи денеска има натпревар со Порто во португалскиот шампионат.
Македонија ќе ја пречека Португалија на 9 март во четврток во СЦ „Борис Трајковски од 19:00 часот, додека реваншот ќе биде на 12 март во Матосињос.
Макеоднија и Португалија практично веќе се пласирани на континенталниот собир, а преку овие два меча ќе се борат за првото место.