Поранешниот репрезентативец на Македонија, Филип Лазаров ќе остане и понатаму во тимот на Ратинген, а неговата улога ќе биде во стручниот штаб кој е предводен од страна на Ацо Јоноски.
Лазаров ја продолжува со својата работа во клубот, а со оглед на тоа што добро се познаваат со Јоноски ќе имаат и одлична можност за да го водат тимот од кој се очекува убав резултат сезонава.
„Многу сум благодарен на клубот што можам понатаму да се развивам како тренер и што можам да продолжам да придонесувам со моите искуства и идеи во иднината. Заедно сакаме да создадеме константен успех “, изјави Лазаров.
Тој дојде во клубот како играч, а сега му се придружува на Јоноски на клупата така што македонскиот тандем ќе продолжи со водењето на тимот.