Лазаров претпазлив: Не чека жежок терен во Турција

Машката репрезентација на Македонија имаше победнички старт во квалификациите за Европското првенство 2024 година.

По убедливиот триумф над Луксембург, селекцијата на Македонија утре патува во Турција на вториот меч, а селекторот Кире Лазаров е претпазлив.

„Имаме три дена. Турција е жежок терен. Некои имаат играно таму веќе од оваа репрезентација. Важен и можеби клучен натпревар. Ни треба пофокусирана игра . Имам професионалци, чест ми е што водам ваква професионална екипа. Ни фалат натпревари. Играме сега без неколку играчи, без Стоилов, Миркуловски, без мене и не е лесно. Се надевам дека ќе напредуваме побрзо од очекуваното“, вели Лазаров.

Двобојот меѓу Турција и Македонија се игра во градот Ван в недела на 16 октомври со почеток во 16:00 часот.