Репрезентацијата на Македонија се израдува на првата победа на Светското првенство 2023, откако во натпревар од Президент Купот славеше убедлива победа над Алжир, со резултат 40:25.
Втор ривал на македонската репрезентација ќе биде незгодната селекција на Тунис.
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров е претпазлив за дуелот со Тунис, истакнувајќи дека селекцијата од Африка има голема традиција со учество на Мундијалите.
„Не очекуваат уште два ривали, колку што имам информации и од она што успеав да гледам за време на шампионатот можам да кажам дека и Мароко е еден добар тим. Тунис е на исто ниво, ако не и подобар и имаат традиција, добри се, не очекува тежок дуел со нив. Во натпреварот со Алжир, ја искористив можноста, бидејќи уште на полувремето имавме добра залиха, да ги одморам поискусните играчи, бидејќи не е лесно да се игра турнирски систем веќе ова ни беше четврт натпревар на СП, многу емоции, многу енергија и подготвени треба да го дочекаме натпреварот против Тунис, бидејќи нема да биде лесно”, изјави Лазаров.
На натпреварот со Алжир солидна минутажа имаа помладите играчи, кои целосна ја оправдааа дадената доверба од Лазаров.
„Замислената ротација во првите три натпревари, концептот што требаше да го правиме, не беше возможно за да бидеме најдобри. Уште на почетокот на натпреварите губевме, веќе во 15-та минута имате негатива од 4-5 гола разлика и тогаш менувате сѐ, тогаш верувате во поискусните, но во исто време трошите енергија и секогаш велам дека е многу важно да се започне натпреварот цврсто, коректно, за екипата да добие самодоверба, видовте дека на натпреварот со Алжир бевме добри и играчите беа опуштени”, изјави Лазаров.
Натпреварот меѓу Македонија и Тунис ќе се одигра денеска, со почеток од 18:00 часот. Избраниците на Лазаров во последното, трето коло, од Президент Купот ќе играат со Мароко.