Еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометот, ќе биде активен како играч и следната сезона.
Тој по мечот што Македонија го доби против Швајцарија со 29-28, потврди дека останува во Нант.
„Официјално клубот ќе си објави, но се договоривме и јас уште една година ќе бидам на терените, можеби со помала минутажа. Не беше таков планот, но се смени на ковид ситуацијата, да се простам пред празни трибини е малку чудно и не сакав така после една ваква кариера. Но не инсистирав само јас, туку и клубот така размислува, така да ќе бидам на терените уште една сезона“, изјави Лазаров.
Покрај играчката кариера, тој паралелно продолжува и како селектор да ја води македонската репрезентација и во иднина.