Репрезентацијата на Македонија се наоѓа пред важен период во кој ја очекуваат баражи за пласман на Светското првенство во Шведска и Полска во јануари во 2023 година.
Познато е дека во март противник на Македонија е селекцијата на Романија, а доколку репрезентативците бидат успешни тогаш во април ќе се соочат со селекцијата на Чешка. На овие дуели ќе биде многу тешко, но јасно е дека на нив ќе има помош од поискусните.
Сепак, веќе има најави дека дел од играчите нема да играат на Мундијалот доколку Македонија обезбеди пласман на шампионатот во јануари.
„Веќе имам најава дека ова беше последно првенство на кое настапи Стојанче Стоилов. Тоа е еден голем удар за нас. Полека треба да се насочине кон младите и да се обидеме да не брзаме никаде туку да работиме посилно во текот на годината и да почнеме со создавање на генерација која во најмала рака постојано ќе биде дел на големите натпреварувања“, кажа селекторот Лазаров на трибината на селекторите од поранешните ју-простори.
Без Стоилов ќе биде навистина тешко бидејќи тој беше еден од играчите кои беа движечка сила на овој состав. Според изјавата на Лазаров ова значи дека баражите ќе бидат последните во кариерата на Стоилов каде дел од националниот тим, но останува тоа и самиот официјално да го потврди.