Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денеска ги соопшти имињата на ракометарите од кои ќе треба да ги одбере патниците за Европското првенство во јануари во Унгарија и Словачка.
Македонија своите натпревари ги игра во Дебрецен, а во групата се и селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска.
Денеска Лазаров соопшти имиња на 35 играчи кои ќе имаат можност да настапат на првенството. Инаку, од нив ќе се одберат оние кои ќе се најдат во потесниот избор и секако патниците на шампионатот. Од нив во секој момент некој ќе може да биде повикан доколку се укаже потреба за тоа. Нема големи изненадувања и станува бор за играчи кои и досега биле на тренинзите или на натпреварите на сениорската селекција на Македонија.
Првиот натпревар, Македонија ќе го има на 13 јануари, а противник е репрезентацијата на Словенија.