Филип Лазаров има одличен старт на тренерската позиција во германскиот Интерактив, или попознат како Ратинген.
Интерактив со Лазаров на клупата има десет победи на десет натпревари, а последната беше остварена на гостински терен.
Тимот на поранешниот македонски репрезентативец славеше кај Ахен со 39-37, а балканската колонија беше најдобра на теренот.
Грбавац (Извиѓач, Анже) даде десет гола, по седум пати погодија Нуиќ (Бешикташ, Нексе) и Сабљиќ, додека четири пати во листата на стрелци се запиша Маркотиќ (Мешков Брест, Нексе, Штутгарт).
Интерактив под водство на Лазаров по десет кола има 20 бода и ако продолжи во ист стил на крајот на сезоната ќе разигрува за место во Третата Бундес лига.