Ракометарите на Нант загубија два пати во ЕХФ Купот од составот на Магдебург, но и покрај тоа шанси за место во четвртфиналето остануваат големи.
Спротивно на тоа, во францускиот шампионат му оди одлично на Нант и во последните десет меча има девет победи и едно реми против ПСЖ.
Нема многу одмор за Лазаров и колегите, па тие веќе се подготвуваат за гостувањето кај Сен Рафаел.
Французите освен тренинзите на ракометните терени, „тренираа“ и малку голф, а нема сомнеж дека нашиот капитен е мајстор и за овој спорт.